По три недели, телото на Лијам Пејн денеска конечно од Аргентина ќе пристигне во Британија: Семејството „скршено“ од болка
Телото на трагично починатиот пејач, ѕвездата на „Уан дајрекшн“ Лијам Пејн денес ќе биде донесено во Велика Британија, откако по завршувањето на истрагата било предадено на неговото семејство.
Препорачано
Аутопсијата претходно потврди дека Лијам Пејн претрпел внатрешно и надворешно крварење, како и повеќе трауматични повреди од падот. Минатата недела локалната полиција изврши рација во хотелот Каса Сур, каде што се случи несреќата, истражувајќи ги наводите дека персоналот му продавал дрога на пејачот неколку часа пред да почине.
Телото на Лијам беше задржано во Аргентина за локалните власти да можат да ја завршат истрагата, изјави јавниот обвинител Андрес Мадреа за Би-би-си.
Таткото на пејачот, Џеф Пејн, беше во земјата каде што почина неговиот син последните недели. Оваа недела тој беше виден како му оддава почит на својот син и им се придружува на ужалените, опкружен со море од цвеќиња и венци. Веста за враќањето на телото на пејачот доаѓа набргу откако аргентинските медиуми објавија дека е комплетирана потребната документација за неговото враќање во татковината. Сè уште не е објавен точниот датум на погребот.
Лијам почина на 31-годишна возраст на 16 октомври, откако падна од балконот на хотелот во Буенос Аирес.


