Фото: BACKGRID _/ Backgrid UK / Profimedia Mariano Garcia / Alamy / Alamy / Profimedia

Камерите го снимиле ужасниот пад на Лијам Пејн од хотелската тераса: Едно видео ќе биде клучен доказ, тврди новинарка

Пред неполни две недели светот го погоди веста дека музичката ѕвезда Лијам Пејн (31), член на познатиот бенд „Уан дајрекшн“ почина во текот на одморот во Аргентина.

Поминаа 12 дена откако светот го погоди веста дека популарниот пејач Лијам Пејн (31), најпознат по кариерата во познатиот бенд „Уан дајрекшн“ почина во текот на одморот во Аргентина. Многумина сè уште се во шок, не можат да се помират со ненадејната смрт на саканиот музичар и цело време копнеат по одговори – што точно се случи таа кобна ноќ? Засега официјалните информации се дека поради силното дејство на наркотици тој бил несвесен кога паднал од балконот, а позната новинарка тврди дека камерите го снимиле неговиот пад.

Моментот кога Лијам Пејн паднал од терасата на третиот кат на хотел во Буенос Аирес, наводно бил снимен на безбедносните камери, изјавила аргентинската новинарка Пола Варела во популарната аргентинска ТВ-емисија „Socios del Espectaculo“, но додала и дека властите оваа вознемирувачка снимка ја чуваат во тајност.

Лијам Пејн снимен на тераса во 2018 година / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

„Постои снимка која не е објавена во медиумите, а каде што можеме да видиме дека Лијам се онесвестил и поради местото на кое бил во тој момент паднал од тој балкон. Доколку бил покрај својот кревет, ќе паднел на креветот“, рекла новинарката и додала дека снимките од камерите може да обезбедат клучни докази за тоа што точно се случило таа кобна ноќ.

Пола Варела тврди дека пејачот не скокнал намерно од балконот, како и дека тоа јасно се гледа на споменатата снимка која наводно полицијата ја чува во тајност.

„Оваа снимка е во официјалните записи на случајот“, рекла таа, пренесува „Мирор“.

Пола понатаму раскажала и дека ноќниот работник во хотелот „КасаСур Палермо“, кој воспоставил близок однос со починатиот пејач, е во фокусот на истрагата која се обидува да утврди кој го снабдувал пејачот со опојни супстанции, за кои постои сомневање дека придонеле за трагичниот развој на настаните.

„Младиот човек, кого полицијата го испрашува, работел ноќна смена во хотелот и воспоставил одлични односи со Лијам. Ја прекршил наредбата на управата на хотелот да не внесува ништо во собата на Лиам. Поради добриот однос со пејачот, тој му направил услуга, што била огромна грешка бидејќи сега истражуваат што се превезувало во возилото што тој го резервирал за пејачот. Ова е една од работите кои инспекторите во моментот ја истражуваат и очигледно е дека вработениот во хотелот е суспендиран“, открила таа.

Обожаватели положуваат цвеќиња и се простуваат од Лијам Пејн во Буенос Аирес / Фото: Mariano Garcia / Alamy / Alamy / Profimedia

Во официјалниот токсиколошки извештај, врз основа на положбата во која е пронајдено телото, било наведено дека Лијам Пејн не зазел рефлексна поза за да се заштити и дека сè се случило во состојба на полу или целосна несвест, а во телото се пронајдени траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и розов кокаин, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА, пишува „Дејли мејл“.

Полицијата трага по дилерите кои го снабдувале Лијам Пејн со наркотици.

Менаџерот на хотелот во Буенос Аирес: „И поранешната девојка на Лијам Пејн беше таму“

Зејн Малик ја одложи турнејата поради смртта на Лијам Пејн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот