Фото: Wikimedia Commons

Зејн Малик ја одложи турнејата поради смртта на Лијам Пејн

Еден од членовите на „One direction“, Зејн ја одложи својата турнеја поради смртта на поранешниот колега од бендот, Лиам Пејн.

„Поради тешката загуба оваа недела, решив да ја одложам американската етапа на мојата турнеја „Stairway to the Sky“. Термините ќе бидат преместени за јануари и ќе ги објавам веднаш штом сѐ ќе се среди. Билетите кои се веќе купени ќе важат за новите датуми“, објави Зејн на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Претходно, Малик се прости од Лиам со емотивна објава.

„Лиам, се најдов себеси како гласно зборувам со тебе, надевајќи се дека ќе ме слушнеш. Не можам да не помислам дека имаше уште толку разговори што требаше да ги водиме во нашите животи. Никогаш не успеав да ви се заблагодарам што ме поддржувавте во некои од најтешките моменти во мојот живот. Кога ми недостигаше домот како 17-годишно дете, ти секогаш беше таму со позитивен поглед и охрабрувачка насмевка и ми даде до знаење дека си мој пријател и тоа многу го сакав“, напиша Зејн.

„Иако беше помлад од мене, секогаш беше поразумен од мене, беше одлучен, полн со мислења и не ти беше важно што ќе им кажеш на луѓето кога грешат. Иако имавме неколку несогласувања околу тоа, јас секогаш тајно те почитував поради тоа“, продолжи тој.

„Кога станува збор за музиката, Лијам, ти беше најквалификуван во секоја смисла. Во споредба со тебе, не знаев ништо, јас бев почетник, а ти веќе беше професионалец. Секогаш знаев дека што и да се случи на сцената, можеме да се потпреме на тебе. Кога си замина, изгубив брат.

Не можам да ти опишам што би дал за да можам уште еднаш да те гушнам и да се збогувам со тебе, да ти кажам дека многу те сакав и почитував. Засекогаш ќе ги негувам нашите спомени. Нема зборови да опишам како се чувствувам во моментов, освен уништен. Каде и да си сега, се надевам дека си добро и знаеш колку си сакан. Те сакам брат“, заклучил Зејн.

Потсетуваме, 31-годишниот пејач падна од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина. Од повеќе повреди починал на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот