Азиска црна мечка забележана во Фукушима / Фото: Kyodo/Newscom / Newscom / Profimedia

ВИДЕО | Кој ќе победи, Јапонија или оваа неверојатно паметна и агресивна мечка?

Ако не сте слушнале досега, Јапонија се справува со огромен проблем со мечките.  Поради намалените живеалишта и синџирот на исхрана, кои се нарушени од климатските промени, мечките сега талкаат по градските улици и провалуваат во згради барајќи оброк.

Во борбата против натрапниците се користат роботизирани волци кои  се распоредени како страшила против мечки кои брзо се продаваат во руралните градови. Но, не секоја заедница може да добие ваков роботизиран волк.

И покрај напорите, мечките се провлекуваат. Во еден случај, оние што се провлекуваат се многу интелигентни.

Како што пренесува „Гардијан“, полицијата и ловците во Фукушима бараат она што градоначалникот Јуки Баба го нарече „екстремно интелигентна“ мечка откако повреди четири лица и избега од фабрика за електроника преку прозорец.

Мечката долга еден метар прво беше снимена на безбедносни камери како брка и напаѓа работник на паркингот на компанијата. Случаен минувач ја исплаши со автомобил, но таа влета во деловна зграда и повторно нападна. Откако повреди уште две лица, се проби во блиската фабрика. Работниците ја гледаа како стои на мијалник, со шепите отвора чешма и пие вода од чешмата, како можеби да поминала премногу време околу луѓето, учејќи го начинот на живот, можеби надевајќи се дека еден ден ќе се скрие меѓу нив.

Властите во Јапонија поставија и стапици со мамки од овошје и мед и делеа пиштоли за успивање. Кога мечката повторно се појави, беше застрелана со стрелата… Но, како што пренесуваат медиумите, тоа апсолутно ништо не направи. Седативот не ја заврши својата работа, а мечката само продолжи да се движи.

Локалната полиција доби овластување да користи огнено оружје благодарение на изменетиот закон за оружје, но запаливите материјали во фабриката го прават тоа премногу ризично.

Бегството предизвика затворање на училиштата и беше повикана флота беспилотни летала да помогнат во потрагата.

Засега, приказната нема завршница. Мечката останува на слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот