По третпат ги крши правилата, парична казна за играчот на Тотенхем

фото: твитер

Орие е казнет, бидејќи на Инстаграм објави слика со фризер кој дојде во неговиот дом, што беше третпат да ги прекрши правилата за карантин.

Фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие е казнет со 150.000 илјади евра поради кршењето на правилата за социјално дистанцирање.

На Инстаграм објави слика со фризер кој дојде во неговиот дом, што беше третпат да ги прекрши правилата за карантин, информира „Дејли Мирор“.

Со овој најнов прекршок повторно го налути раководството на Тотенхем кој моментно тренира до евентуалното враќање на возбудувањата сезонава во Премиер лигата.

Орие претходно беше снимен како трча заедно со Муса Сисоко, за што двајцата се извинија, а потоа на својот Инстаграм објави видео како тренира во парк.

Беше проблематичен и порано, а своевремено кога играше за ПСЖ, беше осуден на два месеци затвор на условна казна поради тоа што удри во полицаец со лактот пред париски ноќен клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот