По разговорот со кралицата, вратите на дворецот ќе бидат засекогаш затворени за Хари и Меган!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Принцот Хари и Меган Маркл и потврдија на кралицата, Елизабета Втора, дека нема да се вратат како активни членови на кралското семејство, соопшти вчера Бакингемската палата.

Одлуката е донесена по разговорите меѓу принцот Хари и членовите на кралското семејство.

На Хари и Меган им биле одземени сите почесни титули и покровителства.


„Војводата и војвотката од Сасекс и потврдија на нејзиното височество, кралицата дека нема да се вратат како членови на Кралското семејство“, потврди портпаролот на Бакингемската палата.


„По разговорите со војводата, кралицата писмено потврди дека со отстапувањето од кралското семејство не е можно да се продолжи со одговорностите и должностите што произлегуваат од животот во јавната служба“, продолжува во соопштението.


„Додека сите се тажни поради одлуката, војводата и војвотката остануваат многу сакани членови на семејството“, истакна портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс. Но, вистината зад овие зборови е дека кралицата била презаситена. Вратите на дворецот се затворени за Хари и Меган и нема враќање назад кон нив.


„Како што беше потврдено од нивната работа во текот на изминатата година, војводата и војвотката од Сасекс остануваат посветени на својата должност и служба во Велика Британија и низ целиот свет и нивната континуирана поддршка на организациите што ги претставуваат, без оглед на официјалната улога. Сите ние можеме да помагаме. Службата кон јавноста е универзална, се заклучува во соопштението. Со овие последни зборови, Хари и Меган истакнуваат дека титулите не им се важни за да продолжат да прават добро и да им помагаат на луѓето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот