Трамп, фото: ЕПА

По наредбата на Трамп, Пентагон ја објави првата серија доверливи досиеја за НЛО

Министерството за одбрана на САД ја објави првата серија претходно доверливи документи поврзани со НЛО и неидентификувани воздушни феномени, по наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп издадена во февруари, пишува „Ал Џазира“.

Објавени се 162 документи стари неколку децении, кои вклучуваат материјали од ФБИ, НАСА, Стејт департментот и други американски институции.

Пентагон соопшти дека дел од материјалите сè уште не се целосно анализирани и дека не се донесени конкретни заклучоци за фотографиите и извештаите. „Претседателот Трамп е фокусиран на максимална транспарентност, а јавноста сама може да донесе заклучоци“, стои во соопштението.

Меѓу документите има сведоштво на пилот на дрон кој во 2023 година видел светлечки објект што исчезнал по неколку секунди, како и фотографија од мисијата „Аполо 17“ од 1972 година со три необјаснети точки во триаголна формација.Пентагон наведува дека сè уште нема консензус за природата на овие појави, но дека е можно да станува збор за „физички објекти“.

Трамп најави објава на досиеја за НЛО: Ќе биде многу интересно за луѓето

Критичарите го обвинуваат Трамп дека со објавувањето на вакви документи се обидува да го одвлече вниманието од политичките проблеми и случајот со Џефри Епстин.

Интересот за НЛО и неидентификувани воздушни феномени повторно порасна по изјавата на поранешниот американски претседател Барак Обама дека „вонземјаните се реални“, иако подоцна појасни дека нема докази за контакт со вонземски живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот