Трамп најави објава на досиеја за НЛО: Ќе биде многу интересно за луѓето
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација во блиска иднина ќе објави што е можно повеќе информации поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО) и можен вонземски живот, пренесе Ројтерс.
Препорачано
Трамп ова го изјави за време на средбата со астронаутите од мисијата „Артемис II“, кои претходно овој месец полетаа на другата страна од Месечината.
Одговарајќи на новинарски прашања, американскиот претседател рече дека федералната влада наскоро ќе објави голем број досиеја поврзани со НЛО.
„Ќе објавиме што е можно повеќе. Мислам дека дел од тоа ќе биде многу интересно за луѓето“, изјави Трамп.
Тој додаде дека за време на неговиот прв претседателски мандат разговарал со пилоти кои тврделе дека имале необични искуства во воздух.
„Интервјуирав некои пилоти, многу солидни луѓе, и тие рекоа дека виделе работи во кои не би верувале, па ќе прочитате за тоа“, рече Трамп.
Најавата доаѓа во време кога интересот за НЛО и необјаснети воздушни појави во САД повторно е зголемен, особено по неколку официјални извештаи и сослушувања во Конгресот во изминатите години, пренесува Њузвик.


