По големите несреќи: „737 макс“ на „Боинг“ заминува во историјата

Фото: Профимедиа

Американскиот произведувач на авиони „Боинг“ ќе го прекине производство на моделот „737 макс“, и официјално потврди компанијата.

„Боинг“ одлучи да го прекине производството на проблематичниот патнички авион поради повеќе од 400 нарачки кои не се во можност да ги испорачаат се додека забраната за негово летање на се укине – ако некогаш се случи тоа. Работниците засега остануваат сигурни, најавија, иако постојат сомненија за тоа поради фактот што претходно беше најавено дека се подготвува отказ за 12.000 работници.

Производството во погонот Рентон во Вашингтон во близина на Сиетл ќе биде прекината во јануари, наведуваат од „Боинг“.

– На оваа одлука претходеше низа на фактори, вклучувајќи продолжување на сертификацијата до 2020 година, несигурност во поглед на времето и условите за враќањето „на небо“ и одобрување за глобална обука и важност за обезбедување на приоритети во испорачувањето на леталиците – наведоа од компанијата.

Добавувачите, купците и финансиерите на „Боинг“ се подготвија за можно „замрзнување“ на производството на „Боинг 737“, првпат во повеќе од 20 години, бидејќи приземјувањето на најпродаваниот модел на компанијата „макс“ најверојатно ќе трае и во поголемиот период од следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот