По долга борба со болеста почина актерот Феѓа Стојановиќ

Фото: Инстаграм

Актерот Феѓа Стојановиќ после долго и тешко боледување почина во Белград на 74-годишна возраст, потврди Театарот „Атаље 212“.

Како што е објавено, Стојановиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во 1973 година и оттогаш станал член на „Атаље 212“.

Работел и како професор на катедрата за глума на Академијата уметност на БК Универзитетот.


Покрај театарските претстави тој глумел и во филмовите „Таму и тука“, „Љубов и други злочини“, „Лепа села лепо горе“, „Чарлстон за Огњенка“, „Сироти мали хрчки“, „Мала ноќна музика“ и др.

Исто така, неговиот лик се појави и во многу познати серии како „Село гори, баба се чешла“, „Бела Лаѓа“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Кошаркари“, „Мојот роднина од село“ и др.


Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои наградата „Страхиња Петровиќ“ и „Танхофер“, како и бројни други актерски признанија.

Како што е наведено, времето и местото на погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Maric (@eugensmesni)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот