По добрите игри на кадетскиот Мундијал, Калајџиески потпиша за Еурофарм Пелистер 2

фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за натпреварувачката сезона 2023/24. Нов член на битолскиот клуб е македонскиот кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески.

Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Се работи за ракометар со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.

Калајџиески, кој ќе има што да каже и во Суперлигата, официјално потпиша договор на четири години со РК Еурофарм Пелистер 2.

Изминатиот период со нашата кадетска репрезентација настапуваше на Светското првенство во Црна Гора каде што беше освоено одличното деветто место и воедно беше меѓу поефикасните стрелци во натпреварите постигнувајќи 39 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот