По 8 месеци врска ја запросил девојката робот, а ѝ уплатил и „доработка“ (ФОТО)
Актерот и бодибилдер Јуриј Толочко неодамна ја запроси својата девојка робот Марго на прилично традиционален начин – и подари букет рози и се спушти на едно колено на романтичаната вечера додека саксофонист ја свиреше „нивната“ најомилена песна, а среќата вест е објавена на Инстаграм профилот на Марго, инаку секс-кукла во природна големина.
Постот има свој опис во кој Толочко, кој профилот на Марго „го одржува во живот“, опишува што според него е идеален однос меѓу мажите и жените и им се обраќа на припадниците на понежниот пол:
– Доколку го читате ова, одете до својот маж и развеселете го, поради сите страдања кои жените пред вас му ги донеле… чешкајте му го грбот, дајте му комплимент за неговата мајка, кажете му дека има голем…ум, пишува Јуриј кој на својата Марго по веридбата и организирал и моминска забава во кругот на пријателите, а пред веридбата и платил и пластична операција за да не биде „оптоварена“ со своите мани.
– Започна да развива комплекси, објасни неодамна Јуриј кој вели дека, откако тој на Инстаграм ги објавил нејзините фотки. Марго покрај пофалбите добила и бројни критики поради што станала искомплексирана, па така парот заедно донел одлука таа да направи некои промени.
Јуриј и Марго во врска се осум месеци, откако тој, како што вели, во едно кафуле ја спасил од друг маж со помалку чесни намери. Иако на многумина нивната љубов им делува необично, постојат многу парови како Марго и Јуриј.
Во последните неколку години не е толку шокантно некој маж да се заљуби во својата пластична или робот секс-кукла и со неа да започне врска, а најмногу такви врски се појавиле во Јапонија, каде што и технологијата е најнапредна, па во последно време се повеќе личности се заменети со роботи.