По 22 години влегоа во Серија А, но ќе мора да го менуваат сопственикот доколку сакаат да играат во неа

epa09189953 Salernitana's players celebrate the promotion to Italian Serie A after winning 3-0 against Pescara on the last match day of the Italian Serie B 2020-21 season, Pescara, Italy, 10 May 2021. EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Во последното коло од регуларниот дел во Серија В, екипата на Салернитана со победата над Пескара на гости обезбеди пласман во најсилната италијанска лига. Со трите бодови од Пескара, екипата на Салернитана го зацементира второто место на табелата и заедно со Емполи обезбедија директен пласман во Серија А, додека третиот патник ќе биде познат по одигрувањето на своевидниот плеј-оф.

Ова за Салернитана ќе биде трет пласман во Серија А во 102 годишната историја и прв по сезоната 1998/99 кога испаднаа од истата. Претходно клубот неколку пати го менуваше името поради финансиските проблеми, но секогаш името беше поврзано за градот од кој доаѓа – Салерно.
Дресот на Салернитана во историјата го носеле поголем број на познати италијански репрезентативци како Валтер Зенга, Џенаро Гатузо, Марко ди Вајо, Давид ди Микеле….

Сепак иако обезбеди пласман во Серија А, Салернитана може да остане без настап во истата поради сопственикок. Имено, сопственик на Салернитана е Клаудио Лотито кој е газда и на Лацио, но италијанските закони забрануваат еден човек да контролира два клуба во ист момент во ист ранг на натпреварување.
Очекувано, бидејќи апсолутен приоритет на Лотито е Лацио, за очекување е ова лето да најде купувач за Салернитана за да може екипата да игра во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот