Пливачкиот клуб Скопје со голем број на медали на „Бања Лука Опен“

фото: Пливачки Клуб Скопје

Македонскиот пливачки клуб Скопје настапи на силниот меѓународен натпревар „Бања Лука Опен“.

Димитар Бошнаков освои прво место во дисциплините на 200 метри слободно и 400 метри слободно, а беше второпласиран на 100м слободно. Беше прогласен за најдобар пливач во категоријата 14-15 години.

Сара Јанковиќ беше најдобра во дисциплините 200м слободно и 400м слободно, по едно трето место на А финалните трки 400м слободно и 800м слободно, како и прво место во А финалето на 1500м слободно. Беше прогласена за најдобра пливачка во категоријата 14-15 г.

ПК Скопје го заврши натпреварот на седмото место во генералниот пласман. На овој турнир освен од Македонија имаше и натпреварувачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Италија, Црна Гора, Словенија, Србија и САД.

Димитар Бошнаков
200м слободно, 1 место
400м слободно, 1 место
100м слободно, 2 место
НАЈДОВАР ПЛИВАЧ ВО КАТЕГОРИЈА 14-15г!

Сара Јанковиќ
200м слободно, 1 место
400м слободно, 1 место
А финале, 400м слободно, 3 место
А финале, 800м слободно, 3 место
А финале, 1500 слободно, 1 место
НАЈДОБРА ПЛИВАЧКА ВО КАТЕГОРИЈА 14-15г!

Катја Танаскоска
200м грбно, 3 место

Леонел Илиев
50м делфин, 3 место
200м грбно, 2 место
200м мешано, 2 место
50м грбно, 2 место
100м делфин, 1 место

Давид Неделковски
200м делфин, 1 место

Ведран Андреев
50м делфин, 3 место
50м грбно, 3 место
200м делфин, 2 место
100м делфин, 2 место

Даријан Андреев
50м делфин, 2 место
100м делфин, 1 место
50м слободно, 3 место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот