Пленковиќ: Ајде да го одложиме дружењето, вирусот не е она што би сакале да добијат најблиските за празниците

Бројот на новозаразени лица и смртни случаи од ковид-19 во Хрватска е сè уште многу голем, но охрабрува фактот дека во последната недела има за 6,5 проценти помалку заразени, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ за утре најави пакет нови мерки за спречување на ширење на коронавирусот и предупреди дека ниту една мерка не може да биде успешна без соработка на сите граѓани.

– Да го одложиме дружењето за неколку недели и покрај празниците. Вирусот не е она што би сакале да им го дадеме на нашите најблиски, рече премиерот на отворениот дел од владината седница.

Тој процени дека мерките треба да се олеснат за шест месеци додека не пристигне вакцината и додека не се вакцинира поголемиот дел од популацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот