Планот на Фонт: Меси да остане, Гвардиола да дојде во Барселона

epa07334630 Catalan businessman Victor Font speaks during the presentation of his campaign to become FC Barcelona's new President at the AXA Auditorium in Barcelona, north eastern Spain, 31 January 2019. EPA-EFE/Marta Perez

Виктор Фонт кој е најсериозен кандидат за претседател на Барселона повторно истакна дека се надева оти же успее да го убеди Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“ но и дека ќе се обиде да создаде атмосфера и услови за враќање на Пеп Гвардиола.

– Знаеме дека постоеше сериозна можност Меси да си замине уште минатото лето. Се надевам дека тоа нема да се случи ниту 2021 година. Претседателските избори се за 60. дена, ќе добиеме нов претседател, нов извршен одбор и нов проект. Сакаме Меси да остане и за нас тоа е најважно. Знаеме дека Лео сака да победува, но во последно време не се водеше сметка за тоа. Верувам дека доколку победиме на изборите ќе можеме да му понудиме нешто ново – изјави Фонт.

Лионел Меси е точно 20 години во Барселона, од 13. година кога пристигна во клубот беше дел од славната академија на клубот „Ла Масија“, а од неговата 16 година е дел од првиот тим. Сепак, минатото лето Меси побара да му биде дозволено да си замине и како негова идна дестинација се споменуваше Манчестер сити каде тренер е Пеп Гвардиола.

– Секогаш кога Пеп зборува за тоа, јасно кажува дека верува оти Меси ќе остане во Барселона. Знам дека Меси сака да ја заврши кариерата во Барселона – додава Фонт.

Кандидатот за претседател на Барселона, Виктор Фонт, освен Меси се надева дека ќе има уште еден ас во ракавот пред претседателските избори. Тој сака да го врати Гвардиола на клупата на тимот кој го предводеше од 2008 до 2012 година и во тоа време освои три титули во Ла Лига и две во Лигата на шампионите.

– Сакаме да создадеме услови Пеп во еден момент да се врати во Барселона. Ова е неговиот дом и сметаме на неговата поврзаност со клубот, градот… Сигурно е дека тој би донесе многу добри моменти на Барселлона – додава Фонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот