Фото: Pexels / Vlada Karpovich

Планирате патување? Овој едноставен метод на пакување ќе ви заштеди и време и простор

Празниците се ближат, а со нив и планирањето патувања. Пакувањето е секогаш доволно тешко, а сè да се стави само во еден куфер може да изгледа речиси невозможно. За среќа, постои трик кој е корисен за сите и ќе ви помогне да избегнете носење премногу и премалку.

Методот на пакување „5-4-3-2-1“ првпат го промовираше блогерката Џенева Вандерзеил. Методот е едноставен и е наменет за жени кои често патуваат: треба да спакувате пет маички, четири панталони, три пара чевли, два фустани и комплет додатоци.

Ако ја пресметате оригиналната формула, пет маички, четири панталони и три пара чевли овозможуваат 60 различни комбинации.

Значи, технички, овој трик би функционирал дури и за двомесечно патување.

Во серија од нејзините видеа, таа покажа дека методот може да се прилагоди на бројни начини.

Комплетот додатоци може да се состои од накит, очила за сонце и капи, и, се разбира, аранжманот може да се прилагоди во зависност од локацијата, пригодата и времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот