Планирајте го летото, се ближи туристичката сезона: Сите вакцини ќе бидат прифатливи за влез во Грција

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сите вакцини ќе бидат прифатени за влез во Грција и оние кои се имунизирани ќе бидат насочени кон зелената лента на границата за намалување на метежот. Оние што немаат сертификат за вакцинација ќе треба негативен тест за PCR или тест за антиген, најави грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој е во посета на Белград.

– Туристичката сезона започнува на 14 мај, односно кога границите ќе се отворат. Постои можност земјите кои се успешни во имунизацијата, како што е Србија, да бидат вклучени во нашиот пилот проект, каде што може да ги ослободиме нивните туристи и во април. Но, тоа зависи од здравствената состојба, изјави Теохарис.

ПЦР тест ќе биде задолжителен за деца постари од 10 години, додека не е потребен за помладите.

Туристичките работници во Грција ќе бидат вакцинирани по приоритетни групи, во мај, пред отворање на границите.

Видео на денот