Планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето

Европско движење
Европско движење / Фото: МИА

Европското движење во земјава во соработка со Делегацијата на Европската Унија и оваа година го организира традиционалниот Планинарски марш до Водно по повод 7 Мај – Европскиот ден на знамето.

– Шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, проф. д-р Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ (зградата на ЕУ инфо-центарот) ќе ги разменат македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично ќе го означат почетокот на „Планинарскиот марш 2022″. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани, информираат од Европското движење.

Покрај церемонијалната природа, организаторите на настанот соопштија дека оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот