Пјаниќ се договори со Барселона

EPA-EFE/STR

Трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона е речиси завршена работа, објавија шпанските медиуми.

Според медиумите, Пјаниќ веќе ги договорил личните услови со челниците на Барселона. Тој ќе добие четиригодишен договор со кој ќе заработува по осум милиони евра годишно.

Сега останува уште двете екипи да се договорат за реализација на трансферот кој се очекува да биде официјализиран до крајот на идната недела.

Барселона нема да плати ништо за репрезентативецот на БиХ туку во Торино ќе го испрати Бразилецот Артур Мело.

Италијанските медиуми пак пренесуваат дека Барселона веќе го договори и трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер.

Одличниот напаѓач на „нероаѕурите“ е лична желба на најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси кој и постави ултиматум на управата да ги ангажира Лаутаро или Нејмар доколку сакаат да потпише нов договор.

Каталонскиот клуб во замена за Лаутаро во Интер ќе ги испрати Нелсон Семедо и Карлес Алења и одредена сума на пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот