Пјаниќ и официјално е фудбалер за Барселона

twitter.com/MtRoyalSoccer

Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ, дефинитивно го напушта Јувентус и во иднина ќе игра за Барселона. Пјаниќ од поодамна ги имаше договорено сите детали од договорот со Барселона, но мораше да чека прво Артур да потпише со Јувентус, пред неговиот договори да се официјализира.
Пјаниќ откако ги помина лекарските прегледи потпиша четиригодишен договор со каталонскиот и конечно ќе му се оствари желбата да игра заедо со Лионел Меси.

Миралем Пјаниќ/EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Босанецот во Торино пристигна 2016 година и одигра 116 натпревар на кои постигна 15 гола, а до крајот на сезоната ќе настапува за Јувентус и тоа во Лигата на шампионите.

Во замена за Пјаниќ, Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Барселона, Артур, кој претходно потпиша петгодишен договор.
Барселона и Јувентус одлучија наместо проста размена на играчите тоа да биде со плаќање на отштета за да може каталонскиот клуб да избегне суспензија од УЕФА поради финансискиот фер-плеј.

Имено, Барселона до 1 јули мора да продаде играчи во вредност од 80 милиони евра, а од Јувентус ќе добие 70 милиони евра за трансферот на Артур.
Неколку дена подоцна, каалонците во Торино ќе вратат 60 милиони за трансферот на Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот