Писонеро раскрсти со Вардар, се врати во Ваљадолид

Давид Писонеро се врати во Шпанија каде седна на клупата на тимот кој го предводеше пред да пристигне во Скопје.

Шпанескиот стратег Давид Писонеро и дефинитивно ја заврши авантурата во европскиот шампион Вардар и се врати во добро позната средина, во екипата на Ваљадолид.


Писонеро на почетокот од сезоната беше назначен за прв тренер на Вардар со што се продолжи праксата „црвено-црните“ да ги предводи Шпанец (Раул Гарсија, Роберто Парондо) во по убедливиот пораз од Кил на домашен терен, тој беше сменет.

На негово место дојде директорот на Вардар, Едуард Кокшаров кој се покажа како тотално промашување, додека Писонеро беше поставен за негов асистент.

Дека челниците на Вардар направија грешка со смената на Писонеро, самите си признаа откако Шпанецот минатата недела откри дека добил понуда повторно да седне на клупата на „црвено-црните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот