Пишии

СОСТОЈКИ:
– 3 јајца
– брашно по потреба
– 1 чаша јогурт
– ½ чаша масло
– 1 прашок за печиво
– сирење по потреба

ПОДГОТОВКА:
Во еден сад со виљушка изматете ги јајцата, додајте го јогуртот, маслото и прашокот за печиво и изматете. Потоа додајте сирење по желба и почнете да додавате брашно. Месете да добиете средно меко тесто. Ако лепи на раце, при месење посипувајте по малку брашно, ама не претерувајте, тестото не треба да е тврдо. На побрашнета работна површина, расукајте кора со дебелина пола сантиметар. Исечете коцки и пржете ги во врело масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот