Пирошки со кашкавал и шунка, посочни не сте пробале

Дали знаете како да ги подготвите највкусните пирошки? Со крцкава кора однадвор, а меки одвнатре? Можете да ги направите за појадок или вечера, идеално е да ги послужите со чаша јогурт или кисело млеко.

Состојки:
За тестото:

– 500 гр брашно
– 1 ќесичка сув квасец
– 1 јајце
– 250 мл млеко
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
За полнење:
3 лажици кисела павлака
3 лажици кечап
100 гр кашкавал
100 гр шунка

Подготовка:

Во топло млеко ставете ги шеќерот и квасецот и оставете ја смесата да нарасне. Во сад измешајте ги јајцето, солта, квасецот и брашното, па замесете тесто. Тестото треба да биде мазно и да се одвои од тавата.

Оставете го на топло место да отстои околу 15 минути. Потоа, преместете го и развлечете го во правоаголник. Поделете го на помали еднакви правоаголници, би требало да бидат 10.

На секој дел нанесете малку павлака, кечап, па ставете рендан кашкавал и шунка. Затворете ја пирошката, за да не истече филот при пржењето.

Загрејте го маслото, па пирошките пржете ги на умерена температура додека не поруменат. Ставете ги на салфетка да се исцедат од вишокот масло и послужете ги топли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот