Пикси после жрепката за ЕП: Нема да се плашиме од Англичаните, фудбалот се игра „11 на 11“

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси со коментар за ривалите на Европското првенство 2024.

Со жрепката Србите се најдоа во групата „Ц“ заедно со селекциите на Англија, Данска и Словенија.

– Можевме да бидеме само во групите „А“, „Б“ или „Ц“. Мораме против сите да играме, нема што. Целта е секако да бидеме што подобри и да бидеме на едно од првите две места за да ја поминеме групата. Имаме балканско дерби со Словенците, Данска е многу незгодна против која имавме пријателска, една многу добра и компактна репрезентација – вели Пикси.

Српскиот селектор вели дека неговите фудбалери не треба да се плашат од фаворитот во групата, Англија:

– Англичаните се една од најсилните селекции во Европа, ќе биде интересно. Нема да се плашиме од Англичаните. Фудбалот се игра „11 на 11“. Ќе биде добар натпревар. Има многу време за анализирање, гледање, планирање, подготовки, за да можеме да бидеме најдобри кога е најважно. Европското првенство е голем предизвик, ќе биде тешко. Ќе го дадеме максимумот да направиме чекор напред, а за тоа ни е потребно да освоиме што повеќе бодови за пласман во следниот круг – се зборовите на Стојковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот