Пијан Славеј ќе ја промовира третата поетска книга на 10. „Про-за Балкан“

Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“ ќе се одржи вечерва (19 септември), во 21 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата се одржува во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, кој беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Претходно, во 13 часот, во „Europe House“ Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/ општетство/ критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје фелоушип“, кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

Во 20 часот ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.

Рајко Грлиќ

Потоа ќе следува промоцијата на книгата „Полиграф“ и кус музички перформанс на Пијан Славеј (гитара и глас) и Гоце Јованоски (бас).

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“, документарниот филм „Медена земја“.

Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018, и „Срчки“, 2020).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот