Издавачот „Перун Артис“ го објави македонскиот превод на романот „Експозиција на темнината“ од Марко Грегур
Делото „Експозиција на темнината“ содржи моќна проза чија тема е Влашката заедница во Хрватска за време во виорот на војните од дваесеттиот век.
Препорачано
Исклучителното дело го раскажува слепото момче популарно наречено Мрачник, а кое ги проследува несреќните судбини на хрватските Цинцари. Ова е уште едно историско дело на Марко Грегур после романот „Вошицки“, за кој ја освои големата хрватска награда „Владимир Назор“. Станува збор за сјаен роман чија специфика плени и одушевува.
Авторот Марко Грегур (Копривница, 1982) завршил стручни студии по деловна економија на Економскиот факултет во Загреб, додипломски студии за односи со јавноста и медиумите и специјалистички постдипломски студии по меѓународни односи и дипломатија на Колеџот за меѓународни односи и дипломатија „Даг Хамарскјолд“ во Загреб.
Претседател е на Организациониот одбор на меѓународниот книжевен фестивал „Галовиќова есен“. Тој е иницијатор и претседател на Организациониот одбор на фестивалот на млади писатели „Алпе Адриа / Алпе Јадран“, кој собира автори од Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска. Неговите дела се преведени на многу светски јазици.
Романот „Експозиција на темнината“ е во превод на Сашо Огненовски и во издание на „Перун Артис“ од Битола.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 341, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26.7.2026)


