„Антолог“ ги објави имињата на 27 врвни преведувачи и препејувачи во конкуренција за наградата „Драги 2026“
До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026 г.), во редакцијата на организаторот „Антолог“ пристигнаа 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. …

