Ковачки до Ахмети: Парите со кои сакаш да ги поткупиш граѓаните ќе треба да ги вратиш после 8 мај

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На 8 мај ќе го зададеме вториот удар на оваа криминална власт и ќе побараме одговорност за сите катастрофални политики кои ја уназадија Македонија, каде Ковачевски е само обичен полтрон на Али Ахмети, а Стево Пендаровски e нем набљудувач. На Ахмети, Груби и Лога им порачувам да се изгубат од Третата изборна единица каде вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат за да добијат еден пратеник, рече на предизборниoт митинг во Кочани, носителот на кандидатската листа за пратеници во оваа изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Али ова не е Мала Речица, нечесните пари со кои сакаш да ги поткупиш граѓаните задржи ги за себе, ќе треба да ги вратиш после 8 мај. Овде, во Третата изборна единица живеат луѓе сосема спротивни од тебе, луѓе кои се чесни, достоинствени, работливи, земјоделци, кои чесно заработуваат и не можеш да ги купиш со твоите валкани пари. Овде нема место за криминалци како тебе и мешетарот Груби, овде нема трговски центри кои вие сакате да ги земете без ниту еден денар влог, нема овде рекетирање, нема овде бизнис зделки за да профитирате. Затоа да си ги соберете парталите со Груби и да се изгубите од тука. Не си фактор овде, време е после 22 години власт да заминеш во длабока опозиција, порача Ковачки.

Обраќајќи се до раководството на СДСМ, тој нагласи дека гневот и бесот од поразот во првиот круг на претседателските избори не треба да го насочуваат кон народот и да го заплашуваат. Додаде дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани ќе инвестира значителни средства во инфраструктурата.

-Изградба на Дом за стари лица во Кочани, изградба на Јужен булевар, поврзување на улицата „Никола Карев“ од вкрстувањето со железничката пруга во Кочани, изградба на систем за одведување и третман на отпадни фекални и атмосферски води во спортско-рекреативвниот центар Пониква. Ќе инвестираме во изградба на катна гаража, колектор за фекална канализација Виница – Кочани до Пречистителната станица кај Мојанци, изградба на главен потисен цевковод дел 3 до препумпната станица и изградба на мост на Кочанска Река за поврзување на улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“, заклучи Ковачки.

Во своето обраќање побара поддршка од граѓаните на 8 мај за да можат да се реализираат проектите што се предвидени во Платформата 1198 на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот