Фото: Илустрација

Пијан скопјанец со нож ја нападнал неговата малолетна девојка

Пијан скопјанец вчера околу 18:00 часот со нож ја нападнал неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница, информираат од МВР.

По нападот, тинејџерката била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди.

– ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете- се вели во полициското соопштение.

Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот