Пицула со критики за Вучиќ: Власт која сака да ја спречи вистината сигурно не е демократска
Хрватскиот европратеник Тонино Пицула кој е и известител на Европскиот парламент за Србија упати критики за српските власти откако вчера дел од новинарските екипи, вклучително хрватски и словенечки беа запрени на границата со образложение дека претставуваат безбедносен ризик пред протестот на студентите во Белград.
Препорачано
Пицула инцидентот го нарече доказ за недемократското оденсување на српските власти, предупредувајќи дека таквите мерки не можат да го спречат ширењето на вистината.
– Новинарите можат да се запрат на граница, но вистината тешко може да биде запрена на границата. Власта која се обидува да ја запре вистината сигурно не е демократска, но очигледно има причини да се обиде да ја запре вистината за себеза да не биде раширена низ светот – изјавил Пицула.
Според него, вчерашниот настан е само продолжување на долгогодишната пракса на „режимот на Александар Вучиќ“ кој во рамките на Србија систематски ги оневозможува новинарите да ја „пренесуваат вистината за природата на тој режим“. Говорејќи за протестот, Пицула рекол дека не е јасно „дали се работи за етапа на протестите или за нивна кулминација“.


