ПЕТОК СО ТОП КНИГА од „Литература.мк“: „Кери“ од Стивен Кинг

По „Сјаење“, „Доктор Сон“ и серијалот „Зелената милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“ ), фановите на трилерите на Кинг ќе може да уживаат во морничавата приказна за тинејџерката Кери Вајт.

Кери не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сe додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави….

За книгата светските медиуми напишаа:
„Најпрекрасниот морничав човек на планетата.“ (Ју-ес-еј тудеј)
„Страшен и мачен – вистински хорор!“ (Паблишерс викли)
„Трескавично, морничаво, мрачно зло!“ (Питсбург пост газет)
„Стивен Кинг буквално создал жанр кој ги доведува луѓето во најужасни ситуации… Тој е автор што секогаш го прави невозможното толку страшно што те тера да провериш дали си ја заклучил вратата.“ (Бостон глоуб)
„Бесценета имагинација.“ (Обзервер – Лондон)

Интересно е што за изгледот на корицата на книгата на македонски јазик одлучија гласовите на публиката, поточно членовите од најпосетените клубови на читатели на социјалните мрежи.
„Кери“ од Стивен Кинг е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот