Фото: Твитер

Петмина загинати во лавини во Австрија

Пет лица загинаа во две лавини во Австрија во саботата, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург за ДПА, пренесуваат медиумитемедиумите.

Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркопф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, рече таа.

Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека другите се тешко повредени.

Претходно во саботата, една жена загина во лавина во областа Бад Хофгаштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот