Петковски пред трансфер во Португалија

facebook.com/gvfcoficial/

Петковски (22), кој воедно е и поранешен играч на Вардар, веќе тренира и игра контролни мечеви со евентуалните нови тимски колеги на Гил Висенте.

Минатата сезона за седмопласираниот Работнички во Првата македонска лига постигна 13 голови во 34 официјални средби.

Гил Висенте е тим кој што настапува во најсилната португалска лига, а во неа е уште еден Македонец, Стефан Ристовски кој ги брани боите на Спортинг Лисабон.

На веб страницата на португалската лига Петковски се наоѓа во ростерот на Гил Висенте кој пак наскоро би требало и официјално да го промовира.

Неколку фудбалски надежи на нашата земја направија многу добри странски трансфери, претходно Елиф Елмас потпиша за Наполи, а Влатко Стојановски го засили францускиот Ним.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот