Петков: Верувам дека ќе изгледаме добро, и дека ќе го победиме Луксембург
Марин Петков беше дел најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 година и се наоѓаше на списокот на сега веќе поранешниот селектор Марјан Илиевски. Но повредата (на слабините) не му дозволи да влезе во конечниот состав од 12 играчи кои го одиграа тој репрезентативен циклус.
Препорачано
А откако ги остави проблемите зад себе, и заигра одлично во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, младиот бек одново е во сениорскиот национален тим, каде деновиве ги одработува тренинзите пред почетокот на февруарскиот ФИБА „прозорец“ за двата натпревари кои се дел од програмата од групата „А“, од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
Првиот, во петок навечер од 18.00 часот против селекцијата на Луксембург, во комплетно реновираната сала во „Градски парк“ во Скопје.
Младиот репрезентативец делува оптимистички пред она што следува во наредниот период. Воедно, вели дека репрезентативците полека се навикнуваат на барањата на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници.
– Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, Така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат. Вели дека полека се навикнуваат на барањата на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал и неговите соработници. Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбрана, и планови за играта во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би и одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји. заедно со САД и Србија. Оттука, стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И секако, одиме на победа – изјави Петков.


