Петар Заборски е европски универзитетски шампион во карате

фото: EUSA Combat 2023/Hrvatski karate savez - Croatian Karate Union facebook

Нови медали за Македонија на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска. Петар Заборски во финалето во категоријата -75 кг. триумфираше против Украинецот Константин Јаненко од Украина со 2:0.

Второ универзитетско злато за Заборски, студентот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, првпат беше најдобар во Коимбра, Португалија, во 2015 година, а две години подоцна во Загреб дојде до среброто.

На патот до финалето Заборски оствари победи против Хакан Челик (Турција), Давид Подсклан (Словачка) и Олех Оврас (Украина).

Инаку ова е четврти медал нашите студент во Загреб, претходно со бронза се закитија Давид Петков и Петар Спасеновски.

А за ново злато се бори машкиот кумите тим на „Свети Кирил и Методиј“ против екипата од Украина, „Државната академија во Харков за физичка култура“.

Во хрватскиот главен град се собраа повеќе од 1.500 натпреварувачи од 395 универзитети од 30 европски земји, вкупно 132 каратисти од 16 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот