Пет совети за новопечените родители

Предизвиците кои одгледувањето на децата ги носи со себе се навистина големи без оглед на нивните години. Експертите нудат неколку совети, па послушајте ги.

1. Не критикувајте, подобро е да се послужите со пофалбите, бидејќи на тој начин ќе ја придобиете и потребната поддршка од партнерот.

2. Заеднички посветете му се на одгледувањето. Настојувајте да не ја изгубите магијата која ве поврзува кога во вашиот живот ќе влезе дете.

3. Научете да ги решавате судирите на смирен начин. Тоа ќе ви користи на вас и на вашето дете. Нема никаква корист од решавање на судирите преку лични навреди, паѓање во депресија, анксиозност или слично. Така само ќе ја влошите ситуацијата.

4. Ниту несогласувањето во мислењето не смее да биде проблем. Природно е да не делиме исто мислење за бројни работи. Уште еднаш повторуваме – најважно е да разговарате, разговарате, разговарате…

5. Немојте да поставувате некои строги правила, договорете се заеднички и најдете го најдоброто решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот