EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Пет сценарија Верстапен да ја освои титулата во Формула 1

По неочекуваните резултати во Лас Вегас, повторно Холанѓанецот има реални шанси за титулата иако голем фаворит останува во моментот водечкиот Ландо Норис

Макс Верстапен влезе во трката во Лас Вегас соочен со можна елиминација во шампионатот на возачи, но излезе со обновени надежи за освојување на петта титула по ред, откако стјуардите ги дисквалификуваа двата болида на Мекларен поради технички недоследности.

По Големата награда на Холандија во август Верстапен заостануваше дури 104 поени зад тогашниот лидер во шампионатот Оскар Пјастри. Сега возачот на Ред бул е изедначен со Австралијанецот во табелата и е само 24 поени зад водечкиот Ландо Норис.

Норис се уште е голем фаворит. Возачот на Мекларен треба да ги надмине Пјастри и Верстапен за само два поени на претстојната Голема награда на Катар за да ја запечати титулата. Сепак, Верстапен „намириса крв“ и се очекуваат возбудливи завршни две трки, Катар и Абу Даби.

Подолу се дадени неколку сценарија во кои Верстапен би можел да биде крунисан за светски шампион.

Сценарио 1 – Верстапен победува на последните две трки и на спринтот, додека Норис се пласира на второто и шестото место во трките и втор во спринтот.

Сценарио 2 – Верстапен победува на последните две трки и спринтот, додека Норис завршува трет и четврти во трките и втор во спринтот. Верстапен би победил затоа што има повеќе победи (8) од Норис (7).

Сценарио 3 – Верстапен победува на последните две трки и спринтот, додека Норис се пласира на второ и петто место во трките и трет во спринтот. Верстапен би победил затоа што има повеќе победи (8) од Норис (7).

Сценарио 4 – Верстапен победува на последните две трки и спринтот, додека Норис освојува нула поени во најмалку уште една трка.

Сценарио 5 – Верстапен победува на последните две трки, додека Норис го победува спринтот и завршува втор и седми во трките.

Мекларен им се извини на Норис и Пјастри за дисквалификацијата: Ова е разочарувачки…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот