Пет работи кои мажот ги забележува прво кај жената

profimedia

Заборавете на нелакираните нокти, фризурата, депилациите, солариумите… Мажите се многу поедноставни, па некои работи воопшто и не ги забележуваат, се вели во истражувањето спроведено од списанието „Менс хелт“.

Истото истражување вели дека жената за првиот состанок троши и до шест часа на подготвување. Но, мажите забележуваат сосема други работи на неа, а на листата на нештата кои најчесто се повторувале во одговорите првото место го има самодовербата.

Најдобар дел од мажите сметале дека ништо не е толку секси кај жената од тоа таа да се чувствува сигурна во себе.

Второто место припаѓа на движењата. И тоа на женствените движења кои, според истражувањето, провоцираат и возбудуваат. Потоа следува изразот на лицето. Односно, страста која се гледа од лицето.

На четврто место се облините, заводливата силуета украсена со женствен стомак, задник и гради.

Миризбата е на петтото место. Секој има своја специфична миризба на кожата. Тука не станува збор за парфемот туку за природниот мирис на кожата, се вели во истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот