Пет месеци од трагедијата во која загинаа НБА кошаркарот Коби Брајант и неговата ќерка, семејството доживеа огромна среќа! (ВИДЕО)
После скоро 5 месеци од трагичната смрт на НБА легендата Коби Брајант, работите во неговото семејство полека се враќаат на место. Ожалостената Ванеса Брајант остана сама со 3 деца, откако во хеликоптерската несреќа каква што не се памети, починаа нејзиниот сакан сопруг и 13-годишната ќерка Џиана. Иако сите се обвиени со тага, Ванеса и нејзините ќерки мораа некако да го продолжат животот без своите сакани татко и сопруг, сестра и ќерка.
Во ова семејство малите работи полека ја враќаат насмевката на лицето, а една од тие работи се првите чекори на 11 месечната Капри, најмладата ќерка на славниот кошаркар. Малата наследничка измами огромна насмевка на лицето на мама Ванеса.
Капри за брзо ќе наполни една година, а нејзиното семејство припрема огромна забава. Видеото каде малото девојче ги прави своите први чекори беше објавено на инстаграм-профилот на Ванеса. За многу кратко време видеото доби огромен број на позитивни коментари и дури 6 милиони прегледи.
„Успеа да направи неколку чекори од тета Софија до мама. Горда сум“, напиша Ванеса.