Пет дена Кино на трева во паркот на МКЦ – Слободен печат
ВестиКултура

Пет дена Кино на трева во паркот на МКЦ

Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули која ќе започне по полноќ

МКЦ и кино Милениум организираат бесплатни филмски вечери кои ќе се одржуваат во периодот од 23 до 27 јули, во паркот на МКЦ. На ова прво издание на Кино на трева, кое е во склоп на програмата на настанот „МКЦ за Скопје” ќе се прикажат вкупно пет филмови.

Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева, информираат од МКЦ. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули која ќе започне по полноќ.

Репертоар:
23. јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24. јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25. јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26. јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27. јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close