Перверзно добри: Пралини со орев, рецепт кој се усовршувал со векови

Фото: Instagram

Пралини од орев се традиционални кејџн слатки со потекло од Луизијана. Првите пралини биле донесени во Њу Орлеанс од Франција од Урсулинските монахињи во 1727 година. Поради фактот што бадемите биле оскудни, готвачите почнале да користат ореви од родните дрвја на Луизијана и така се родиле претходниците на модерните пралини од орев. Тие прво биле подготвувани како индивидуални ореви покриени со шеќерна обвивка. Денес, се прават со комбинација од орев, путер, ванила, млеко и шеќер.

Потребни состојки:

– 300 г шеќер
– 300 г кафеав шеќер
– 250 г неутрално кондензирано млеко(или заменете со павлака за готвење)
– 115 г путер или маргарин
– 250 г ореви, исечени на половинки и потпечени на тавче
– 1 лажичка екстракт од ванила

Фото: Instagram

Начин на подготовка:

Намрсете два големи листови хартија за печење. Во големо тенџере доведете до вриење: шеќер, кафеав шеќер и млеко/павлака, често мешајќи. Намалете ја топлината на средна и варете, мешајќи често околу 11 минути. Додадете путер и ореви. Со постојано мешање, варете уште 2,3 минути. Тргнете од оган и промешајте ја ванилата во смесата. Со дрвена лажица енергично мешајте 1 до 2 минути или додека смесата не почне да се згуснува. Набрзина со помош на лажица нанесувајте парче по парче врз подготвената хартија за печење. Оставете да се изладат додека не се стегнат.

Рецепт за вкусен колач со лимон и бозел: Искористете ја сезоната на бозел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот