Пензионерка задави врсничка во Србија, сакала да ѝ ја земе пензијата

Српска полиција/ Фото: МИА

Драгослава Спасојевиќ (72) од српското село Кудреш е уапсена поради сомнение дека ја убила својата сосетка Драгица Михајловиќ (77). Според полицијата причина за ваквото убиство е користољубие, бидејќи жртвата имала странска пензија и била добро ситуирана, јавува Нова.рс.

Српската полиција моментално испитува дали Спасојевиќ ја убила сосетката за да може полесно да ја ограби или пак можеби и должела пари кои не можела да и ги врати.

Михајловиќ била пронајдена мртва во нејзината куќа и иако сите докази укажувале на природна смрт, обвинителот наредил обдукција која открила траги на давање.

Сосетката веднаш била осомничена затоа што била блиска со покојната и се грижела за неа откако неодамна го оперирала колкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот