Пендаровски прими коледари во вилата „Билјана”

На сите кои ги одбележуваат овие празници ви посакуваме пријатни мигови со вашите најблиски, спокојни и топли празнични денови, објави Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана” во Охрид.

-Во пресрет на Божик, заедно со Бети и Огнен им бевме домаќини на децата – учесници на бадниковата поворка од Охрид кои не поздравија со коледарски песни, а со песната „Вечниот Бог” го најавија христовото раѓање. На сите кои ги одбележуваат овие празници ви посакуваме пријатни мигови со вашите најблиски, спокојни и топли празнични денови, објави Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Станува збор за дел од децата-коледари кои беа дел од денешната Бадникова поворка, што по седми пат се одржа во Охрид. Како што беше претходно соопштено од Здружението „Бадникови поворки” кое е организатор на манифестацијата, претседателот согласно православните обичаи на коледарите ги дарувал со божиќни пакетчиња за соопштувањето на радосната вест за Христовото раѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот