Пеналите среќни за Ливерпул, трофејот од Супер купот оди на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Европскиот шампион Ливерпул, додаде уште еден пехар во своите витрини, откако во Европскиот Супер куп го совладаа Челси по подобро изведување на пенали. Во регуларните 90 минути, резултатот беше 1:1, по продолженијата беше 2:2, а пенал серијата му припадна на Ливерпул со 5:4.

Победникот во ЛШ подобро го отвори натпреварот кој се играше во Истанбул и благодарение на теренската иницијатива направи неколку шанси но Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк не успеаја да го совладаат голманот на Челси, Кепа. Тоа што не му успеа на Ливерпул во првото полувреме го направи Челси. Во 36 минута, Оливие Жиру им донесе водство на „сините“.
Во второто полувреме, Ливерпул уште на стартот ја врати резултатската неизвесност, Фирмињо кој влезе на местото на Окслејд-Чембрлен, креира шанса која му овозможи на Мане да постигне гол.

Иако до крајот на регулатниот дел, Ливерпул доминираше, не успеа да постигне гол по што натпреварот замина во продолженијата. Уште во шестата минута од првото продолжение, Фирмињо повторно му асистира на Мане кој донесе водство за својот тим, но одговорот дојде само четири минути подоцна, Жоргињо со удар од белата точка израмни на 2:2.

До крајот и двете екипи имаа неколку одлични шанси да постигнат уште некој гол, но голманите на двете екипи, Адријан кај Ливерпул и Кепа кај Челси не дозволија да се затресат мрежите.

Победникот мораше да се одлучи преку пенали. Во првите четири серии и играчите на двете екипи беа прецизни, а во петтата серија, прво Салах рутински го матира Кепа, по што замената за повредниот голман Алисон, Адријан го одбрани ударот на Абрахам и му го донесе првиот пехар на Ливерпул во новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот