Пелистер се засили со 201 сантиметар висок пивотмен од Бундеслигата
На денот кога беше официјализирано заминувањето на Доминик Тајник од следната сезона, Еyрофарм Пелистер не чекаше долго за одговор, битолскиот клуб објави ново засилување на позицијата кружен напаѓач, на местото на Мохамед Калед Валид.
Препорачано
Нов член на „зелено-белите“ е 27-годишниот хрватски пивот Никола Граховац, кој во Битола пристигнува од германскиот состав Вецлар. Со висина од 201 сантиметар и богато интернационално искуство, Граховац веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Стевче Алушовски уште веднаш.
Покрај настапите во германското првенство, новото име во редовите на Пелистер во кариерата ги носеше и дресовите на Загреб и Веспрем, што доволно говори за неговото искуство на највисоко ниво. Со битолчани потпиша договор до крајот на наредната сезона, со опција соработката да биде продолжена за уште една година.
Граховац има и репрезентативно искуство, настапувајќи за Хрватска на Европското првенство 2022 и на Олимписките игри 2024, а претходно беше дел и од младинските селекции.
Слован Братислава „украде“ еден од најважните ракометари на Пелистер
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


