Пеле му честита на Меси: Заслужено признание

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле му честиташе на Лионел Меси за освоената рекордна седма „Златна топка“.
„Му честитам на Меси за уште една „Златна топка“. Тоа секако е заслужено признание за талентот кој е без конкуренција“, напиша Пеле на социјалните мрежи.
Меси кој изминатото лето од Барселона се пресели во ПСЖ, вчера по седми пат беше прогласен за најдобар фудбалер на годината во изборот на „Франс фудбал“.
Пеле (81) во својата кариера никогаш не ја освоил оваа нагреада, но ФИФА во 2000 година го прогласи заедно со Диего Марадона за најдобар играч на 20 век.
Видео на денот