Пејач го прекинал настапот во живо за да го спаси животот на обожавателка која сакала да се самоубие

Пејачот Мат Гос, кој во осумдесетите беше голема ѕвезда како фронтмен на бендот „Bros“, откри дека во текот на настапот во живо преку социјалните мрежи и го спасил животот на една обожавателка која му напишала дека сака да се убие. Веднаш ја прекинал свирката и ја повикал девојката со која зборувал половина час со цел да ја убеди да повика итна помош и да ја смири.

„Срцето ми застана кога напиша дека сака да се убие. Не можев да го игнорирам тоа, ја запрев свирката и и се јавив. Беше во многу лоша состојба. Беше сама дома па затоа морав да ја наговорам да повика брза помош и полиција“, раскажа тој.

Тој додаде дека и дал до знаење дека ја сфаќа сериозно.

„Сакаше некој да ја сослуша. По дваесетина минути таа започна малку да се смирува. Подоцна ја проверив неколку пати и ми кажа дека се чувствува добро и дека чувствува како има уште еден пријател во светот. Се чувствувам многу гордо бидејќи успеав да му помогнам на некој кој беше на работ“, раскажа Мет за магазинот „The Sun“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот