Доналд Трамп/Педро Алмодовар/Фото: ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia / EPA-EFE/DAVID SWANSON

Педро Алмодовар со остра критика во Кан: Европа никогаш не смее да му биде подредена на Трамп

Наградуваниот шпански режисер Педро Алмодовар вчера изјави дека филмските создавачи имаат „морална должност“ да зборуваат за политика или ќе дозволат гушење на слободата на говорот што се случува во САД, предупредувајќи дека „Европа никогаш не смее да биде подредена на Трамп“.

Во текот на прес-конференцијата по повод премиерата на својот нов филм, трагикомедијата „Bitter Christmas“ (Горчлив Божиќ) на 79. Филмски фестивал во Кан, шпанскиот режисер рече дека на овогодинешните Оскари немало протести ниту против војната ниту против американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Гардијан“.

– Не сакам никого да осудувам, но мислам дека уметниците мора да зборуваат за ситуацијата во која живеат во современото општество. Тоа е морална должност – рече 76-годишниот Алмодовар, кој се појави во Кан со значка „Слободна Палестина“ на јакната.

– Тишината и стравот се симптоми што покажуваат дека работите одат на лошо, тоа е сериозен знак дека демократијата се распаѓа. Во Европа имаме закони и мора да дејствуваме како штит против ова лудило – рече Алмодовар.

Тој додаде дека уметниците имаат обврска да станат еден вид штит против лидери како Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху или рускиот претседател Владимир Путин.

– Трамп мора да знае дека постои граница за сите негови заблуди и лудила и дека Европа никогаш нема да се поклони на неговата политика – порача славниот шпански режисер.

Во пресрет на Филмскиот фестивал во Кан, Алмодовар изјави за „Лос Анџелес тајмс“ дека на овогодинешната церемонија на доделувањето на Оскарите „немало многу протести против војната или против Трамп“, освен неговиот пријател и колега, шпанскиот актер Хавиер Бардем, кој на сцената извикнал „Не војна, за слободна Палестина“.

Филмот „Горчлив Божиќ“, првиот филм на Алмодовар на шпански јазик во последните пет години, е седмиот обид на шпанскиот режисер да ја освои Златната палма, што досега не успеа, иако во 1999 година ја освои наградата за најдобар режисер за филмот „Сè за мојата мајка“, а во 2006 година за најдобро сценарио за филмот „Врати се“.

ФОТО | Почна Филмскиот фестивал во Венеција: Новиот филм на Алмодовар ја отвори Мостра, почесен „Златен лав“ за Бенињи

 

Критичарите за филмот кој доби 17-минутен аплауз во Венеција: „Веќе не се прават вакви филмови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот