ФОТО | Почна Филмскиот фестивал во Венеција: Новиот филм на Алмодовар ја отвори Мостра, почесен „Златен лав“ за Бенињи

Фото: Profimedia

Победникот ќе биде објавен на 11 септември, на крајот на фестивалот, втор од почетокот на пандемијата.

Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, 78-ми по ред и најстар во светот, во средата вечер беше отворен со новото остварување на Педро Алмодовар, кој се натпреварува за главната награда на „Златниот лав“ заедно со истакнатите колеги како што се Џејн Кемпион и Паоло Сорентино.


Алмодовар, двократен оскаровец, сѐ уште не добил некоја поголема награда во Венеција. Тој го претставува својот нов филм „Паралелни мајки“, во кој глуми неговата омилена актерка Пенелопе Круз. Филмот ја раскажува приказната за две жени кои се породуваат во ист ден во исто породилиште. Режисерот и неговата муза, и двајцата облечени во црно, прошетаа по традиционалниот црвен тепих на кино палатата, на Лидо во Венеција спроти морето, со блицовите на фотоапаратите, но без публика, поради мерките против ковид-19.


На свеченото отворање, почесниот „Златен лав“ му беше врачен на италијанскиот режисер и актер Роберто Бенињи, незаборавниот автор на филмот „Животот е прекрасен“. Наградата му ја врачи новозеландската режисерка Џeјн Кемпион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Piermarco Menini (@piermarcomenini)


Филмот на Алмодовар ќе се натпреварува со 20 филмови. Претседател на жирито е Јужнокореецот Бонг Џун-хо, добитник на „Златна палма“ во 2019 година со филмот „Паразит“ и Оскар за најдобар филм следната година.

Во жирито се и француско-белгиската актерка Вирџини Ефира и американската режисерка со кинеско потекло Клои Жао. Таа минатата година го освои „Златниот лав“ со филмот „Номадленд“, кој триумфираше на Оскарите неколку месеци подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GISELE AMANTEGUI (@giseleamantegui)

Победникот ќе биде објавен на 11 септември, на крајот на фестивалот, втор од почетокот на пандемијата.

Минатата година, фестивалот се одржа во стеснето издание, пред да пристигнат вакцините против ковид-19. Иако здравствените мерки сѐ уште се применуваат, овогодинешната Мостра ќе биде одбележана со враќањето на големите имиња на филмот на Лидо, со повеќе од 59 претставени земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот